Не е само во Германија – секоја второ работно место е загрозено и во автомобилската индустрија во Франција

Според анализата на Француската асоцијација – авто компоненти, дури половина од вработените во овој сектор би можеле да останат без работа…

Се погласно се бара одложување на транзицијата кон електрични автомобили. Кризата во автомобилскиот сектор во Европа е многу подлабока од кризата во еден концерн. Французите предупредуваат и на можноста за масовни отпуштања во француските компании кои произведуваат автомобилски компоненти.

Жан-Луј Пех (зв), шеф на Здружението на француски производители на автомобилски компоненти (FIEV), рече дека секторот е изложен на ризик да изгуби половина од своите работни места во наредните години. „Со оглед на активноста, можно е да се изгубат повеќе од половина од работните места во следните пет (5) години, оваа бројка, за жал, не е претерано „надуена“. Како причини за оваа проценка Печ ги наведе падот на продажбата на автомобили, слабеењето на пазарот на електрични автомобили и зголемената конкуренција од Кина.

Во соопштението на FIEV се наведува дека кризата доаѓа како резултат на низа настани, како КОВИД, кризата со полу проводниците, значително зголемување на цените на суровините, транспортот и енергијата. За ова значително придонесуваат и потребната транзиција кон електрични автомобили што според првичните планови требаше да биде комплетирана до 2035 година, потоа многу силната конкуренцијата од Кина  како и новите регулативи, во однос на екологијата и на безбедносните системи.

Од 2019 година, секторот за производство на автомобилски компоненти бележи пад на прометот за 10% и намалување на бројот на вработени за дури 17%.

Во овој контекст, FIEV, која собира 300 компании кои вработуваат околу 60.000 луѓе во Франција, предлага да се промени рокот за премин на електрични автомобили во 2035 година, односно истиот да биде продолжен, потоа да се врати конкурентноста на пазарот, како и да се создадат нови подобри услови за работење како основ заживување на француската и европската автомобилска индустрија. Што од сето ова ќе биде прифатено останува да бидеме трпеливи и да почекаме времето да даде одговор.





НАЈНОВИ