Нов рекорд во јули, во Норвешка!

Продадени само 47 автомобили со мотори на внатрешно согорување, електрификацијата во полн ек..

Норвешка е рај за електричните автомобили. Ситуацијата отиде дотаму што во јули тековната 2024 година во оваа земја од околу 5,5 милиони жители се продадени само 47 автомобили со мотор со внатрешно согорување.

Ова не е чудно, ако се земе предвид фактот дека тамошната влада ја поддржува продажбата на електрични автомобили со средства добиени од нафта. Норвешка е првата земја во светот каде што електричните автомобили во продажба ги победуваат автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Додека пред 10 години електричните автомобили сочинуваа само 1% од вкупните регистрации во Норвешка, во 2020 година пазарниот удел на електричните автомобили во вкупната продажба порасна на 54,3%.

Минатата 2023 година, осум од десет купувачи во Норвешка се одлучија за чист електричен автомобил.

Клучот е во политиката за субвенционирање. Норвешка е земја чијшто државен буџет е исполнет со приходи од експлоатација на нафта и природен гас, па може да си дозволи дарежлива политика на субвенции. До неодамна, секој што одлучуваше да купи електричен автомобил во Норвешка не мораше да плаќа ДДВ или акциза. Патиштата, паркинзите, траектите се исто така бесплатни за возачите на електрични автомобили.

Во јули добивме уште еден рекорд – во Норвешка се продадени само 47 автомобили со мотор наа внатрешно согорување. Меѓу нив претежно имаше такви кои немаат свој електричен еквивалент, како што се Suzuki Swift (најверојатно со погон 4×4, што е особено корисно во оваа земја), Suzuki Ignis, Porsche 911, Mazda MX-5, BMW M2, Aston Martin, Масерати…





НАЈНОВИ