Нови електрични модели на Audi во Кина без знакот со четири кругови

Новата палета на електрични автомобили на Audi, развиена во Кина за кинескиот пазар, нема да го носи своето препознатливо лого со четири прстени, велат извори со директно познавање на плановите на марката…

Одлуката на германската марка во сопственост на Volkswagen AG е донесена поради „имиџот на брендот“, рече еден од изворите.

Одлуката, исто така, ја одразува употребата на автомобилска архитектура развиена во соработка со кинескиот партнер SAIC и зголемената зависност од локалните добавувачи и технологии. Новата серија, внатрешно наречена „Виолетова“ (Purple), ќе има различно лого или едноставно ќе го носи името на Audi на возилата, пренесува Reuters.

Концепт автомобил за серијата ќе биде претставен во ноември, кога Audi ќе ја објасни и „ приказна за брендот“ на серијата, велат изворите. Планирано е до 2030 година да бидат претставени девет нови модели. Изворите зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи производителот на автомобили не објави планови.

Audi одби да коментира за, како што ги нарече шпекулациите, додека SAIC рече дека електричните возила ќе бидат „вистински Audi со автентична Аudi ДНК“.

Кинеските производители на автомобили се повеќе добиваат удел на нивниот домашен пазар, најголемиот во светот, со технички напредни електрични возила. Ова доведе до пад на продажбата на странските производители на автомобили, кои многу повеќе се потпираат на моделите со бензински мотори, принудувајќи ги да формираат нови партнерства.

Audi и SAIC, долгогодишен партнер на VW, во мај изјавија дека заеднички ќе развијат платформа за електрични возила за кинескиот пазар. Развојот на автомобили специјално за Кина им овозможува на странските производители на автомобили да се запознаат со најновите карактеристики на електричните возила и кинеските вкусови.





НАЈНОВИ