Новиот Audi A5 го означува следниот чекор во моделската иницијатива на Audi

Светската премиера на Audi Q6 e-tron даде зелено светло за моделската иницијатива на Audi: само во 2024 и 2025 година, Audi ќе лансира повеќе од 20 нови модели – над десет од нив целосно електрични…

Извршниот директор Гернот Долнер (Gernot Döllner) зборува за лансирањето на моделот во наредните недели и при тоа го открива првиот изглед на новиот Audi A5.

Портфолио за иднината

„Во текот на следните години чекор по чекор ќе ја прошириме нашата палета на електрични модели.Во исто време, ќе го подмладиме нашето портфолио на модели со мотори со внатрешно согорување.

Ова ќе ни даде робусна и флексибилна позиција додека преминуваме кон целосно електрично портфолио“.

 

Претстојни лансирања на модели

„За само неколку дена ќе го претставиме следното семејство на модели: Audi A5, додека пак Audi A6 e-tron ќе следи на крајот на јули, а новиот Audi Q5 наесен оваа 2024 .

Audi A5 – Современ спортски карактер и извонредни пропорции

„Новото семејство Ауди А5 ќе ја прослави својата светска премиера на 16 јули (понеделник).

Со тоа воедно и ќе го означи почетокот на следната генерација на мотори со внатрешно согорување, кои ќе бидат поефикасни благодарение на делумно електричното возење.

Audi A6 e-tron

„А6 e-tron ќе биде првото електрично Audi достапно за нашите клиенти како Sportback и Avant од лансирањето на пазарот. Неговиот впечатлив дизајн и извонредните перформанси, ефикасност и опсег нудат многу причини да се префрлите на електрична мобилност сега“.

Audi Q5 – Рецепт за успех од третата генерација

„Audi Q5 го претставува успехот на Audi повеќе од 15 години. Со третата генерација на нашиот најуспешен SUV, наесен ќе започнеме со подмладување на нашето портфолио на SUV со мотори со внатрешно согорување и делумно електрифицирани верзии.

Vorsprung durch Technik

„Имаме јасна визија за редефинирање на „Vorsprung durch Technik“ (Напредок преку технологија), фокусирана на дизајн, UI/UX, динамика на возење и ефикасност.

Со нашите нови модели Q6 e-tron, A6 e-tron, A5 и Q5 не оставаме простор за сомнеж во правецот во кој се движиме“.





НАЈНОВИ