Новиот BMW M5 Touring и официјално претставен

Не долго по новата лимузина (седан) M5, пристигна и новиот M5 Touring (караван) верзија на ова перформанс креација од М дивизијата на производителот на премиум автомобили од Минхен….

Како и седанот, и караванот M5 Touring користи plug-in хибриден погонски склоп и е комбинација од 4,4-литарски V8 твин-турбо бензински мотор со моќ од 430 kW/585 ks и електричен мотор со 145 kW/197 ks.

Автомобилот има комбинирана моќност од 535 kW/727 КС и 1000 Nm максимален вртежен момент, како и батерија со енергетска моќ од 18,6 kWh (досегот во електричен режим е 67 km, а најголемата брзина о електричен моф н експлоатација е 140 km/h). За полнење на батеријата обично се потребни два часа и 15 минути.

Новиот M5 Touring имз забрзување од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди, до 200 km/h достигнува за 11,1 секунди и може да достигне макимална брзина 250 km/h. Со M Driver’s Package, максималната брзина е 305 km/h.

Автомобилот е долг 5096 mm, широк 1970 mm и висок 1516 mm, додека волуменот на багажникот се движи од 500 до 1630 литри.

Палетата вклучува бои Isle of Man Green металик, Marina Bay Blue металик, Storm Bay металик и Frozen Deep Grey металик.

Овој модел со високи перформанси има, меѓу другото, спакнати калници, модифицирани браници, различни странични прагови, голем заден дифузор и заден спојлер на покривот.

Дополнително, дел од пакетот М вклучува погон на четири тркала, пет режими на возење (Hybrid, Electric, eControl, Dynamic и Dynamic Plus), спортско подесена суспензија М, спортски издувен систем, опционални карбон-керамички сопирачки, специјални алуминиумски тркала ( од 20 и 21 инчи), гуми Мichelin со димензии 285/40 ZR20 и 295/35 ZR21.

И внатрешноста се одликува со префинет ентериер со Мерино кожа, дисплеи од 12,3 и 14,9 инчи, оперативен систем iDrive 8,5, систем за опкружувачки звук Bowers & Wilkins од 65 вати и 18 звучници, како и спортски М мултифункционални седишта и волан со сплескан долен дел и црвена ознака во 12 часот.

Почетокот на производството и пуштањето на пазарот на BMW M5 Touring, произведен во фабриката во Динголфинг во Германија, се планира за ноември 2024 година. Цените во Германија започнуваат од 146.000 евра, што е за 2.000 евра повеќе од седанот М5.

 





НАЈНОВИ