Новиот BMW M5 Touring најавен за 15 август

Новиот BMW M5 седан (G90) влезе во сериско производство во фабриката во Dingolfing, Германија на почетокот на јули oваа 2024 година, а подоцна, поточно кон крајот на годинава на во истата фабрика ќе се произведува и новиот M5 Touring (G99)…

Новиот M5 Touring ќе ја има својата глобална премиера овој месец, поточно на 15 август на настанот Concours d’Elegance Pebble Beach во Америка, а Германците најавуваат дека овој M5 Touring ќе влезе во производство пред лансирањето на седанот M5 на пазарот во Европа што според распоредот, би требало да биде на 2 ноември оваа 2024 година.

Да потсетиме, новиот М5 користи plug-in хибриден погон, а е комбинација од турбо бензински мотор, со работен волумен од 4,4-литри, во конфигурација од осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со twin турбо технологија, што испорачува моќност од 430 kW/585 КС и електромотор со моќ од 145 kW/197 КС.

Screenshot

Автомобилот има комбинирана моќност од 535 kW/727 КС и 1000 Nm максимален вртежен момент, како и батерија со моќност од 18,6 kWh (досегот во електричен режим е 69 km, а најголемата брзина во чисто електричен мод на експлоатација изнесува до 140 km/h). Полнењето на батеријата обично трае три часа и 15 минути на 7,4 kW полнач.

Screenshot

Сепак, треба да се напомене дека новиот седан М5 тежи дури 2435 кг, а што се однесува до димензиите, должината е 5096 мм, ширината 1970 мм, а растојанието помеѓу оските изнесува 3006 мм.

Што се однесува до забрзувањето, новиот M5 седан од 0, до 100 km/h достигнува за 3,5 секунди, од место до 200 km/h достигнува за 10,9 секунди и може да достигне максимална брзина од 250 km/h.

Со M Driver’s Package, максималната брзина е 305 km/h. Остануваат да се видат деталите за новиот M5 Touring.

Овој модел со високи перформанси ќе има, меѓу другото, испакнати калници, модифицирани браници, различни странични прагови, голем заден дифузер и спојлер на багажникот.

Дополнително, дел од пакетот М вклучува погон на четири тркала, пет режими на возење (Hybrid, Electric, eControl, Dynamic и Dynamic Plus), спортско подесена суспензија, спортски издувен систем, опционални карбон-керамички сопирачки, специјални алуминиумски тркала со големини од 20 и од 21 инчи, гуми Michelin со димензии 285/40 ZR20 и 295/35 ZR21, како и префинет ентериер со Мерино кожа, оперативен систем iDrive 8.5, систем за опкружувачки (surround) звук Bowers & Wilkins со моќност од 655 вати и 18 звучници, како и спортски седишта и волан со сплескан долен дел и црвена ознака во позиција на стрелката на часовникот кога покажува 12 часот.

Седмата генерација на BMW M5 сега доаѓа стандардно со интегрирано активно управување, кое ги врти задните тркала синхронизирано или спротивно од предните тркала, во зависност од брзината. Овој систем, со агол на управување до 1,5°, го подобрува маневрирањето, го намалува кругот на вртење и ја подобрува стабилноста и удобноста при промена на лентата со голема брзина.

Дополнително, во динамични ситуации на возење, помага да се контролира шасијата за подобра стабилност и агилност.





НАЈНОВИ