Home Актуелно Новиот Mitsubishi Outlander PHEV во Европа од есен

Новиот Mitsubishi Outlander PHEV во Европа од есен

0
Новиот Mitsubishi Outlander PHEV во Европа од есен

На 1 октомври Mitsubishi ќе го претстави Outlander PHEV во Европа, кој се појави во Јапонија уште кон на крајот на 2021 година…

Како што е наведено, „новиот Outlander PHEV е автентичен SUV кој се надоврзува на големиот меѓународен успех и силното наследство на претходните генерации.

Од неговото лансирање во Европа во 2013 година, тој има продадено 200.000 единици, а покрај тоа освои и бројни награди и доби светско признание за неговата исклучителна достигнувања“.

Сега најновата генерација е подготвена да ги импресионира европските клиенти со своите иновации.

Новиот Outlander PHEV ќе ја има својата премиера на 1 октомври 2024 година на специјален настан во Мадрид.

Mitsubishi додава дека овој Outlander нуди најсовремена PHEV технологија со два мотори и долг дострел, погон на четири тркала, високо ниво на безбедност и удобност, како и ново ниво на квалитет што го поставува брендот на ново ниво на европскиот пазар.

Во однос на габаритот овој Mitsubishi Outlander располага со должината од 468 cm, ширината  изнесува186 cm, висината  е175 cm, додека растојанието помеѓу оските е 271 cm.

Автомобилот може да помине 87 километри чисто на електрична енергија благодарение на системот PHEV од следната генерација кој користи два електрични мотори и се напојува со батерија со капацитет од 20 kWh.

Под хаубата се наоѓа 2,4-литарски бензински мотор со четири цилиндри. Производителот наведува системска моќност од 252 КС и 450 Nm максимален вртежен момент.

Забрзува од 0 до 100 km/h за 10,5 секунди и има максимална брзина од 170 km/h.