Home Претставуваме Обновен Nissan Note Aura

Обновен Nissan Note Aura

0
Обновен Nissan Note Aura

Во Јапонија беше претставен модернизиран Nissan Note Aura, кој за новата моделска година добива редизајниран лик, нови тркала и ревидиран ентериер…

Покрај стандардниот модел Note Aura, Nissan ги покажа и специјалните изданија Autech, како и верзијата 90th Anniversary и потврди дека верзијата Nismo ќе се појави наредниот месец, поточно, во текот на јули оваа 2024 година.

Обновениот Nissan Note Aura пристигнува по минатогодишната премиера на обновениот модел Note, па Note Aura на тој начин е усогласен со најновиот стил на Nissan.

Визуелните промени се фокусирани на предниот дел, каде Note Aura добива поширока маска и поспортски браник, како и нови вметоци под LED предните светлосни групи, додека задниот дел има променет браник.

Исто така, има нови 17-инчни алуминиумски тркала кои имаат футуристички дизајн.

Што се однесува до ентериерот, нема големи промени, но се споменуваат нови комбинации на материјали и бои.

И опремата е подобрена во целиот опсег, со стандардно енергетско прилагодување на возачкото седиште, поголема кутија за ракавици и осветлена USB-C порта.

Специјалното издание на Note Aura 90th Anniversary  на погоре наведеното му  додава и бакарни акценти, црни алуминиумски тркала и премиум внатрешен тапацир.

Тука е и Nissan Note Aura Autech кој има комплет за каросерија (aero body kit) со модифицирани браници и странични прагови, хромирана решетка и нов сет на тркала. Тука е и препознатливата ексклузивна сина боја на Autech со контрастен црн покрив.

Внатре, облогата на Autech вклучува црна кожа со сини шевови и темно сиви акценти.

Од Nissan не спомна никакви промени во погонскиот систем e-Power.

Хибридното поставување се состои од 1,2 литарски бензински мотор со моќ од 60 kW/82 КС кој работи како генератор и доаѓа заедно со еден (во верзијата 2WD) или два електрични мотори (во верзијата AWD).

Предниот е-мотор има моќ од 100 kW/136 КС, додека опционалниот заден е-мотор има моќ од 50 kW/68 КС.

Фејс – лифтираниот Nissan Note Aura е достапен за нарачка на пазарот во Јапонија.

Цените започнуваат од 2.779.700 ¥ ( јапонски  јени ) односно пресметано во европска валута некаде од околу 16.490 евра Ово зависност од моменталната курентност на пазарот на валути) за почетната, основна верзија 2WD и завршуваат на 3.331.900 јени, односно на 19.765 европски банкноти за врвната верзија на Autech 4WD.