Обновена Suzuki Spacia Gear

Suzuki го модернизираше моделот Spacia Gear за Моделска Година (ModelYear -MY2025), за кој се вели дека е возило наменето за клиенти со активен животен стил и авантуристички дух….

Spacia Gear доаѓа со различен преден дел во споредба со обичниот модел, благодарение на тркалезните LED предни светла (фарови) со црни рамки, како и различната решетка и дотеран браник, заштитните елементи, носачите на покривот и новите 15-инчни алуминиумски тркала.

 

Внатрешноста располага со голем број прегради за складирање на ситници, како и можност за лесно трансформирање на задниот дел од возилото во место за транспорт на опрема за патувања, риболов, сурфање или транспорт на велосипеди.

Има и водоотпорни ткаенини и капак за попкривка на товарниот простор, опционален загреан волан и дополнителни USB порти за полнење.

Suzuki, исто така, ќе понуди низа додатоци за Spacia Gear, вклучувајќи специјални налепници, багажник за покрив, тенда што се извлекува, простор за домашни миленици, мрежи против комарци…

За погонот сепак се грижи „мек “(mild) хибриден со три цилиндри бензински мотор, со работен волумен од само 660 кубни сантиметри, во комбинација со CVT менувач на брзини и со погон на предните тркала (2WD), или на сите четири тркала (4WD погон).

 

Цените за унапредената изведба на Suzuki Spacia Gear ќе бидат објавени подоцна.





НАЈНОВИ