Обновениот Volkswagen Golf R

На почетокот на оваа година, Volkswagen веќе го претстави обновениот Golf (како и спортскиот Golf GTI), додека сега го имаме ажурираниот Golf R, кој ќе се нуди не само во hatchback верзијата, туку и во караван изданието – односно Variant… .

Како и стандардните Golf и Golf GTI, Golf R претрпе одредени визуелни промени и модификации во внатрешноста, заедно со подобрени системи за помош на возачот.

Така, Golf R добива променети браници и рафинирани светла (опција се матрични LED фарови), како и палета на нови бои и алуминиумски тркала (19-инчни опционални).

Покрај тоа, Golf R е обезбеден со премиум спортски седишта и спортски волан обложен со кожа, како и погон на четири тркала, DCC адаптивна суспензија, повпечатлив аеро боди комплет (aero bodu kit), изменета суспензија, посилни сопирачки и спортски издувен систем. со четири издувни цевки (опционално и издувен систем Akrapovic).

Овде треба да се потсети дека внатрешноста на обновениот Golf го истакнува враќањето на класичните копчиња на воланот, покрај новиот екран на допир (тука од 12,9 инчи), со преуредување на графиката и структурата на менито, како и 10,2-инчен дигитален инструмент табла.

Во овој контекст секако треба да се наведе и податокот дека е достапен и head-up дисплеј.

Европските модели доаѓаат и со гласовен асистент напојуван од ChatGPT, но технологијата допрва треба да биде потврдена за автомобилите на американскиот пазар.

Под хаубата на Golf R се наоѓа подобрен 2.0-литарски турбо бензински мотор кој сега има 333 КС и 420 Nm максимален вртежен момент.

Уште порано беше објавено дека GTI и R верзиите на Golf нема да имаат мануелен менувач, па овој Golf R има седум (7)-брзински DSG, со двојна спојка менувач.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,6 секунди за изведбата hatchback и 4,8 секунди за Variant.

Максималната брзина е 250 km/h, но со опционалниот Performance Package може да достигне 270 km/h.

Цените во Германија почнуваат од 53.795 евра.

 





НАЈНОВИ