Ова се најдоверливите марки на автомобили, нивните модели без проблем надминуваат 400.000 km

При купувањето автомобил секогаш се водат предвид неколку стандардни фактори, а еден од оние на кои најмногу внимаваме е доверливоста, се вели во извештајот на iSeeCars…

Интересно е што денес, кај некои марки, моторите можат да поминат и до 400.000 километри без проблеми со редовното одржување, а според истото истражување, многу возачи веруваат дека животот на автомобилот завршува на 160.900 километри (100.000 милји), кога и почнуваат поголемите инвестициите.

Најновата студија на iSeeCars, пишува Forbes, за овој аспект потврдува дека некои марки и модели достигнуваат 200.000 милји (321.000 километри) и дека „штотуку се разработиле“.

Извештајот ги опфаќа 30-те најиздржливи модели во САД, од кои сите обезбедуваат голема веројатност да се достигне 250.000 милји (400.000 километри).

Треба да се има предвид дека веројатноста просечното возило да ја достигне оваа бројка е 8,6 отсто, пренесуваат светските информативни агенции.

Тие анализирале дури 402 милиони возила и го пресметале просечното отчитување на секој километража земајќи ја предвид возраста и развиле модел врз основа на тие километри за да ја проценат веројатноста за достигнување различни нивоа на километража.

Во ие на вистината, студијата е направена во САД, поради што има брендови и модели кои ги нема во Европа, но на листата на производители се наоѓаат некои познати на Стариот континент. Водечка е Toyota, чии возила имаат 17 отсто шанси да надминат 400.000 километри, а потоа следат Honda (13,6 отсто) и RAM (11,5 отсто).

Следуваат GMC (11,4 отсто), Chevrolet (10,5 отсто), Lexus (9,7 отсто) и Ford (9,5 отсто). Извештајот особено ги истакнува двете јапонски марки Toyota и Honda, бидејќи тие се појавуваат во сите категории – патнички автомобили, SUV модели и меѓу пик-ап камионетите.

Така што не е чудно што најиздржливиот модел е Toyota Tundra со 36,6 отсто шанси да надмине 400.000 километри. Следните четири позиции исто така ги држат моделите на јапонскиот производител.

Toyota Sequoia има четири пати поголема веројатност да ја постигне таа километража во споредба со просекот. Три пати повеќе шанси пак имаат Toyota Tacoma, 4Runner, Highlander Hybrid и Honda Ridgeline.

Друг од најрелевантните заклучоци од студијата е доминацијата на SUV моделите: тие заземаат 16 од првите 30 позиции. Четири од нив се Тоyotа, но и Chevrolet, GMC, Honda и Nissan се солидни, бидејќи имаат најмалку по два модели на листата.

Високо на листата се и пик-апи моделите (камионетите) со осум возила.

И, се разбира, има место за лимузини (четири) а во сегментот на компактни автомобили се само два модела.

 





НАЈНОВИ