Оваа Toyota се продава 40 години, а сега останува без 4,5 V8 турбо дизел моторот

Моделот на Toyota за кој неколкупати известувавме, Land Cruiser 70, на пазарот е од 1984 година и покрај доаѓањето на неговите наследници, сите овие години продолжи да се нуди, на одредени пазари…

Моделот е особено популарен во Австралија, каде што се нудат неколку верзии, а неодамна беше претставена и надградена верзија.

Од Toyota сега информираат дека под влијание на активните регулативи и очекувањата на заедницата, тие се принудени да направат некои промени во понудата.

Најзначајната промена е постепено укинување на турбо дизелот моторот со работен волимен од  4,5- литри и со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква „V“.

Моторот постепено ќе се повлекува од понудата на одредени верзии, но тоа не значи дека моментално е достапен.

Имено, во еден момент Австралијците две години однапред ги конфискуваа сите V8 модели, што значи дека како опција останува помодерниот 2.8 турбо дизел мотор.

Актуелните листи на чекање за одредени верзии се долги над шест месеци, пренесуваат информативните агенцииr.

Станува збор за турбо дизел мотор, со четири цилиндри, што произведува нешто повеќе од 200 КС, а од есен оваа 2024 година ќе се нуди и со пет (5) степен мануелен менувач на брзини.

Тоа е истиот менувач што доаѓа со горе спомнатиот V8 моторот, но сега со пократки соодноси во првите три степени на пренос на силата.

Во исто време, петтата брзина сега е издолжена така што потрошувачката е помала, а бучавата при возење исто така е намалена.

Да потсетиме, освен во Австралија, овој иконски модел може да се купи и на домицилниот пазар на марката – јапонскиот пазар.

Исто така, истиот модел се нуди и во ОАЕ – Обединетите Арапски Емирати (UAE Unitet Arabian Emirates), но во комбинација со бензински мотор со работен волумен од 3,6 литри во конфигурација со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква  V.





НАЈНОВИ