Home Featured Pagani сè уште е отворен за електричен хипер автомобил

Pagani сè уште е отворен за електричен хипер автомобил

0
Pagani сè уште е отворен за електричен хипер автомобил

Директорот за маркетинг на Pagani и син на Хорацио Пагани (Horacio Pagani), Кристофер Пагани (Christopher Pagani), вели дека брендот продолжува да работи на електричен модел, и покрај тоа што претходно го паузираше развојот на автомобилот…

Минатата година дојде информација од Pagani дека не планираат да лансираат електричен модел во блиска иднина, наведувајќи ја загриженоста за технологијата на батериите и брзината на полнење. Меѓутоа, додека неодамна зборуваше на Фестивалот на брзина во Гудвуд (Goodwood Fesstival of Speed), Кристофер Пагани призна дека брендот останува заинтересиран за електричен автомобил.

„Ние сакавме да работиме на електричниот автомобил и сè уште работиме на овој проект, така што тоа не е затворено поглавје за нас“, откри Пагани. Кристофер додаде дека по состаноците со својата дилерска мрежа ширум светот, италијанската марка забележала дека „нема интерес за [целосно електричниот] хипер автомобил Pagani“, но рече дека тоа е „забавен проект“.

Иако брендот помина многу години играјќи се со идејата за EV, никогаш не стигна до точка да изгради прототип и само го разви виртуелно. Тежината на батериите е сè уште загрижувачка бидејќи, според Кристофер, моделите на Pagani не се за „коњски сили“ или „највисока брзина“, туку за „динамика на возилата“.

Се чини дека Pagani нема да се впушти во светот на електричните возила додека не развие нешто што ги исполнува неговите стандарди и не донесе нови иновации..