Peugeot 3008 и 5008 во нови верзии

Peugeot ја прошири гамата на SUV 3008 и 5008 на европскиот пазар, со додавање на PHEV и опции за погон на EV со подолг домет, покрај веќе постојните благите хибридни и стандардни EV модели…

Плагин-хибридното (Plug –  in Hybrid) поставувањето се состои од ажурирана верзија на 1,6-литарски со четири цилиндр турбо бензински мотор попознат како – PureTech и електричен мотор од 92 kW/125 КС, во комбинација со седум степен автоматски менувач на брзини, со двојна спојка.

Комбинираната моќност е 143 kW/195 КС и 350 Nm максимален вртежен момент, кои се пренесуваат на тркалата на предната оска.

Батеријата со капацитет од 21 kWh обезбедува опсег на EV (возење само на струја) до 84 km, со полнење за 2 часа и 45 минути.

Возачот може да избере помеѓу три режими на возење (Hybrid – хибриден, Electric – електричен и спортски – Sport), давајќи им предност на перформансите или ефикасноста.

Истиот погон е достапен и за поголемиот Peugeot 5008, со малку пократок опсег на EV (возење без емисија на штетни издувни гасови) од 82 km.

Peugeot исто така го најави претстојното лансирање на верзиите „Long-Range 230 Electric“ на E-3008 и E-5008.

Водечките ЕV имаат батерии со капацитет од 96,9 kWh, во споредба со стандардната единица што располагаат со батерии што имаат капацитет на моќ од 73 kWh. Како резултат на тоа, тие постигнуваат опсег на WLTP од 700 km за E-3008 и 668 km за потешкиот E-5008.

Двата модели со долг домет 230 Electric се опремени со еден електричен мотор со моќ од 170 kW/230 КС и се компатибилни со полнење од 160 kW DC.

Компанијата со гордост може да каже дека Peugeot E-3008 може да го заврши патувањето од Париз до Ница за две застанувања, во споредба со „најмалку три застанувања на неговите конкуренти“.

Инаку, PHEV поставките се веќе се достапни за нарачка на повеќето европски пазари, додека електричните возила со долг домет треба да пристигнат набргу по нивното деби на Саемот за автомобили во Париз, што се одржува наредниот месец – Октомври.





НАЈНОВИ