Pininfarina B95 Gotham

Automobili Pininfarina ги поместува границите на луксузот и фантазијата со својата нова линија на ултра-ексклузивни возила инспирирани од алтер егото на Бетмен, Брус Вејн…

Претставувајќи го B95 Gotham, овој автомобил е остварување на сонот за љубителите на иконскиот супер херој, комбинирајќи го инженерството со високи перформанси, за како шлаг на торта се надополни и со филмскиот шмек.

B95 Gotham зрачи со полесна, попрефинета естетика со кафеав кожен тапацир, впечатлива сјајна боја на покривот Argento Vittorio и Nero Torino и црни тркала од 20 и 21 инчи.

B95 има 120,0 kWh литиум-јонски батерии и четири електрични мотори кои испорачуваат 1.900 КС, овозможувајќи забрзување до 100 km/h за помалку од две секунди.

Автомобилот, исто така, има специјални подобрувања од Wayne Enterprises, вклучувајќи интерфејси на екранот и гласовни инструкции моделирани по Алфред Пениворт (Alfred Pennyworth), лојален батлер на Бетмен ((Batman).

Новиот модел започнува со цена од 4,9 милиони евра, обезбедувајќи ексклузивност слична на гаражата на Брус Вејн (Bruce Wayne).





НАЈНОВИ