Porsche 928 Surfari

Има приспособувањa (преработки) на Porsche исто колку што има и песок на плажа, па дури и самата компанија е активно вклучена во продажба на автомобили правени по мерка на богатите клиенти…

Фејслифтираните 911 сега се достапни директно од фабриката, но дали се толку кул како овој специјален 928?

Приказната за 928 Surfari започна пред многу години благодарение на напорната работа на татко и син кои изградија камп и бизнис за водени спортови на полуостровот Хел на полскиот брег на Балтичкото Море. Она што отсекогаш ги поврзувало не е само семејниот бизнис покрај море, туку и нивната страст за автомобилите.

Тадеуш Елварт (Tadeusz Elwart), актуелниот менаџер на кампот Chałupy 6 и иницијатор на фестивалот Hel Riders, бил под влијание на Porsche уште од рана возраст, што го довело до единствена идеја: 928 Surfari.

Цел? Да се ​​изгради Porsche што може да се справи со теренот надвор од патот и со стил да ги носи своите патници до морето веднаш штом ќе удрат големите бранови.

Уникатно, необично и речиси невозможно да се постигне – она ​​што за многумина би звучело како несовладлив предизвик, беше мотивација за тимот на Hell Riders.

Porsche 928 во гаражата на Елварт обезбеди совршена основа. Секој што слушнал класичен V8 мотор на Porsche знае колку е тој посебен и таа моќ не е проблем. Но, наскоро се појавија и други предизвици: на пример, како да се прилагоди менувачот, диференцијалот и суспензијата за да се претвори 928 во кабриолет на плажа.

Тука на сцена стапува Томаш Станишевски (Tomasz Staniszewski). Полскиот инженер и рели возач штотуку го заврши класичното рели Дакар (Rally Dakar) во неговото лично модифицирано Porsche 924. Станишевски најде голем број решенија за да ја постигне целта да создаде 928 со душа за сурфање.

Дизајнот на Surfari е дело на браќата Ланге (Lange). Овие близнаци се дел од сцената на Chałupy 6 со децении и се одговорни за изгледот на автомобилот.

По неговото деби на фестивалот Hell Riders, дојде време за патување со сурфари: Елварт се упати до Зилт (Sylt) на познатиот фестивал Петро-Сурф (Petro-Surf festival), а потоа продолжи до островот Ромо (Rømø ) во Данска. Патувањето се покажа како совршена можност за темелно тестирање на сурфмобилот.





НАЈНОВИ