Porschе има проблем, им фали алуминиум

Германскиот Porsche предупреди дека очекува послаби деловни резултати оваа година поради неочекуван недостиг на алуминиумски легури….

Поплавата во фабриката на европскиот добавувач на алуминиумска легура го загрози снабдувањето на Porsche, што влијае на производството на сите модели на автомобили, соопшти компанијата, предупредувајќи на можноста да биде принудена да го прекине производството на една или повеќе серии возила.

Добавувачот пријавил „виша сила“ во писмото, се вели во соопштението на Porsche.

Тоа значи дека не може да ги исполни своите договорни обврски поради настани надвор од нејзина контрола.

Porsche користи алуминиум во деловите на каросеријата на сите серии на возила и е изложен на ризик бидејќи го купува од овој добавувач.

Компанијата не сакаше да прецизира за кој добавувач на легура станува збор, пренесуваат информативните агенции.

Производителот на алуминиум Constellium на почетокот на јули предупреди за поплавени објекти во Швајцарија. А Американскиот Novelis наводно ја затворила својата швајцарска фабрика поради поплави.

И Constellium и Novelis го наведуваат Porsche како купувачи на легури од алуминиум.

Ниту една компанија не сакаше да ја коментира изјавата на Porschе или беше достапна за одговор, забележа светската информативна агенција Reuters.

Менаџментот, во контекст на информацијата, напоменува дека до крајот на оваа 2024 година, најверојатно, нема да може целосно да ги надомести доцнењата во производството и во испораките.

 





НАЈНОВИ