Porsche нема да се приклучи на контроверзниот тренд на електрични автомобили

За разлика од другите производители, Porsche нема да инсталира големи самостојни екрани во нивните автомобили…

Мајкл Мауер (Michael Mauer), главниот дизајнер на Porsche, во неодамнешното интервју за Australia’s Drive рече дека компанијата планира да понуди само екрани со соодветна големина и, каде што е можно, аналогни инструменти.

„Многу сум среќен што не го следиме она што го прават повеќето други во моментов“, рече Мауер.

„Што се однесува до дисплејот, ние отсекогаш велевме дека тој треба да биде интегриран пред сè, наместо да се вградуваат овие големи самостојни таблети во автомобилот“, вели Мауер.

Porsche ги замени механичките индикатори со заоблен дигитален панел во новите модели како Taycan и Cayenne.

Клиентите се пожалија на одлуката на Volkswagen да ги префрли контролите на голем екран на допир, по што во Volkswagen реагираа и се предомислија, поради што и одлучија повторно да инсталира физички копчиња во своите нови модели.





НАЈНОВИ