Porsche претстави единечен 911 GT3 „Ocelot“ – почеток на серија инспирирана од Латинска Америка

Porsche официјално го претстави единствениот 911 GT3 Touring „Ocelot“, специјално издание инспирирано од дивата мачка озелот и богатството на колумбиската Амазонска прашума. Овој модел го одбележува почетокот на новата програма „Icons of Latin America“, создадена во чест на 25-годишнината на Porsche Latin America.

Автомобилот доаѓа во ексклузивната боја Forest Green Metallic, со детални сребрени акценти кои потсетуваат на класичните 911 модели од минатото. Внатрешноста е обложена со кожа во темни тонови со дезени кои го рефлектираат крзното на озелот, а на наслоните за глава е втисната неговата силуета.

Под каросеријата се наоѓа добро познатиот 4,0-литарски атмосферски шестцилиндерски мотор од GT3 со околу 502 КС, без технички измени — овој проект е пред сѐ уметничко-дизајнерски израз на регионалниот идентитет.

Porsche планира и други модели во рамки на оваа иницијатива, секој инспириран од културата и природата на различни земји од Латинска Америка.

НАЈНОВИ