Porsche Korea ја слави својата 10-годишнина од успешно работење во оваа далеку источна земја токму во 2024 година.
За да ја одбележи оваа прилика и да им се заблагодари на своите корејски клиенти, Porsche лансира уникатно ограничено издание Taycan Turbo K-Edition со елементи на надворешен и внатрешен дизајн, што се инспирирани од корејската култура и традиција.
Моделот, се разбира, е достапен исклучиво, за клиентите на пазарот во Јужна Кореја.
Во однос на специфичните елементи на оваа едиција – креацијата „Taycan Turbo K-Edition носи видлив израз на блиската врска помеѓу DNA што ги има Porsche и карактеристиките што ги има корејското општество и корејската култура“, вели Холгер Герман (Holger Gerrmann), извршен директор на Porsche Korea.
При лансирањето на пвој специфичен и славенички примерок на производителот на премиум спортски возила од Цуфенхаузен.
„Истовремено, се издвојуваат некои детали од надворешноста и внатрешноста, на пример, обемните и висококвалитетни прилагодувања кои се можни преку програмата Sonderwunsch, додаде тој.
Експертите на Sonderwunsch од Porsche Exclusive Manufaktur го создадоа овој модел во соработка со Porsche Korea и одделот за дизајн на Style Porsche, а комбинацијата на традиционалните корејски културни влијанија со модерната елеганција го прави Taycan Turbo K-Edition уникатен спортски автомобил со луксузно чувство.
Уникатноста е обезбедена, како и препознатливиот квалитет и возни својства на Porsche, за одговорот на пазарот, не сомневаме, дека ќе биде повеќе од успешен, иако во оваа куса информација не е наведена цената на ова изданија на Porsche.
Како и да е ние му посакуваме на Porsche да има многу вакви успешни изданија на сите пазари ширум нашата планета, па евентуално ако се стекнат услови и такво издание да се направи и за купувачите од нашиот пазар. Сепак, нема ништо лошо во сонувањето!.