Повеќе од 50 отсто од сопствениците на Tesla се враќаат на бензински модели пумпи

Според една студија објавена неодамна, поголемиот дел од сопствениците на автомобили на Tesla во САД купиле модели со мотори со внатрешно согорување…

Тоа е податок за првите шест месеци од оваа 2024 година, а само 32 отсто ос актуелните сопственици не електричните Tesla модели решиле повторно да купат електричен автомобил.

Поконкретно, 51 отсто од сопствениците на Tesla се префрлиле на возила со мотори со внатрешно согорување (најчесто на бензин), 10 отсто преминале на хибриди, а 6 отсто избрале plug-in хибриди.

Според специјализираните авомобилски портали, ова се резултатите од истражувањето на McKinsey & Co., во кое се открива дека речиси половина (46 отсто) од сопствениците на електрични возила во САД веројатно ќе се вратат на возила со мотори со внатрешно согорување при нивното следно купување.

Ова не се спектакуларни податоци за Tesla и другите производители на електрични автомобили, но се чини дека малку се намалува бројот на сопственици на овие возила кои се префрлаат на бензински и дизел мотори. Барем нешто што им оди во корист на Tesla Motor и на останатите производители на електрични автомобили…

 





НАЈНОВИ