Профитот на BMW падна поради проблемите на кинескиот пазар

Во вториот квартал од оваа година, германскиот BMW оствари приход од 37 милијарди евра, што е за 0,7 отсто помалку отколку во истиот период во минатата 2023 година….

Нето добивката е намалена за 8,6 отсто на 2,7 милијарди евра. Како што објасни BMW, во текот на кварталот се соочиле со повисоки производствени трошоци и полоша продажба во Кина. BMW во вториот квартал испорача 618.743 автомобили, што е за 1,3 отсто помалку во однос на истиот период минатата година, пренесе француската агенција АFP.

Испораките во Кина, еден од најважните пазари на BMW, паднаа за 4,7 отсто. Компанијата ова го препиша на послабата побарувачка и зголемениот интерес за домашните брендови.

Очекуваат стабилизирање на состојбата во третиот квартал. Баварскиот автомобилски гигант, како и многу негови конкуренти, се соочува и со повисоки производствени трошоци.  Зголемени се и трошоците за работна сила и расходите за инвестиции во технолошки развој.

НАЈНОВИ