Прототип на Nyobolt EV

Фирмата за дизајн и инженерство на Јан Калум (Ian Callum), во соработка со компанијата за производство на батерии Nyobolt, во јуни минатата година го претстави концептот на електричен спортски автомобил со 470 КС, чиј прототип оттогаш ги заврши своите први тестови…

Nyobolt EV привлекува внимание и со својот дизајн, бидејќи е почит на оригиналниот Lotus Elise. Имено, човекот одговорен за стајлингот на Nyobolt EV е Џулијан Томсон (Julian Thomposon), кој е и татко на Lotus Elise S1.

Nyobolt EV е 100 mm поширок и 150 mm подолг во споредба со Lotus Elise, но останува компактен и лесен и покрај тоа што е целосно електричен.

Каросеријата од јаглеродни влакна изгледа помускулесто во споредба со оригиналот, благодарение на додавањето на модерни стилски карактеристики. Пропорциите се дополнително подобрени благодарение на повисокиот појас, браниците и 19-инчните тркала.

Сепак, врв на Nyovolta EV е технологијата на батерии. Спортскиот автомобил доаѓа со прилично мала батерија од 35 kWh, што придонесува за неговата мала тежина од 1246 kg.

Досегот на возење е до 250 km, со целосно полнење за 4 минути и 37 секунди, на полнач од 350 kW.

Покрај тоа од Nyobolt тврдат и дека единицата е тестирана за повеќе од 4.000 брзи циклуси на полнење без значителна загуба во перформансите.

 





НАЈНОВИ