Уште една најава за налетот на водородни возила за деловни корисници во 2025 година, а овој пат, со прототипотпт Renault Master H2-Tech…
Ново еколошко решение без штетни гасови за вашите најпребирливи задачи.
Ова корисно возило е развиено во соработка со HYVIA, заедничко вложување помеѓу Renault Group и Plug, и се произведува во фабриката на Renault во Батилија, Франција.
Досег на возење до 700 km
5 минути за полн резервоар водород (H2)
Резервоар за водород од 7,5 или 9 kg H2
Батерија со капаците од 20 kWh
Прототипот на Renault Master H2-Tech се полни со водород толку брзо како возило со мотор со внатрешно согорување, за само 5 минути. По полнењето, нуди импресивен опсег до 700 km, благодарение на горивни ќелии H2, батерија со капацитет од 20 kWh и резервоари со водород, со зафатнина од 7,5 или од 9 kg, во зависност од вашите потреби.
Прототипот Renault Master H2-Tech нуди опсег до 700 km (според стандардите WLTP), без оглед на временските услови. Бемисија на штетни гасови, обезбедува најдобри перформанси во својата класа.
Прототипот Renault Master H2-Tech, поради неговата висока енергетска густина, лесно се прилагодува на различни околности. Подеднакво е ефикасен кај возилата со ладилници, виљушкарите и возилата со голем капацитет.
HYVIA екосистем
За да ја промовира употребата на еколошки возила од страна на деловните корисници, HYVIA разви едноставни и ефикасни решенија за водород: постпродажната мрежа Renault Pro+ H2-Tech, заедничлото вложување HYWELL и партнерските станици за полнење водород, како и финансиски решенија и услуги поврзани со H2.