Tesla ги зголеми цените на својот најпопуларен електричен седан Model 3 на неколку европски пазари.
Ова се случи набргу откако ЕУ воведе високи царини за електричните возила произведени во Кина.
Теslа Моdel 3 што се продава во Европа се произведува во Шангај, Кина, а на пазарите во Германија, Холандија и Шпанија цените ќе бидат зголемени за приближно 1.500 евра. Цените ќе растат и во Франција, Италија, Грција, Полска и Шведска, а голема е веројатноста истото да се случи и во сите земји-членки на ЕУ, пишуваат информативните агенции.
Теslа претходно предупреди дека е можно зголемување на цените поради тарифите воведени на 4 јули. Бидејќи Теslа добро соработуваше со истражителите на Европската унија и не користеше толку многу кинески државни субвенции, американската компанија ќе мора да плати дополнителна тарифа од 20,8 отсто за своите модели увезени од Кина. Иако тоа е многу, не е толку лош како некои брендови кои беа „удирани“ од ЕУ со дополнителни царини од 37,6 отсто. Теslа побара повторно пресметка на стапката од 20,8 отсто, но сè уште не е постигнат договор со ЕУ.
Зголемувањето на цената од 1.500 евра не е толку значајно за автомобил кој чини повеќе од 40.000 евра во основната верзија и би се изненадиле доколку тоа има видливо влијание врз продажбата на Model 3 во Европа. Но, Tesla го губи уделот на пазарот во ЕУ од почетокот на годината, а повисоките цени сигурно нема да помогнат.
Теslа не е единствениот западен производител на автомобили што се обидува да преговара за својата нова царинска стапка во ЕУ. Целосно електричните Mini модели кои моментално се произведуваат во Кина и се извезуваат во Европа се погодени со највисоки дополнителни царини од 37,6 отсто, а Mini сака тој процент да се намали.