Работници во фабриката на Audi украле клучеви од 200 автомобили

Работниците во фабриката на Аudi во Брисел украле околу 200 клучеви од автомобили, барајќи од раководството објаснување за иднината на фабриката…

Ниту едно возило нема да излезе од фабриката додека не добиеме одговори, изјави еден од работниците, а пренесува германската новинска агенција dpa. Во фабриката работат 3.000 луѓе.

Работниците ги украдоа клучевите во неделата, а управата на фабриката, како што напишаа, отфрла ваков вид на изнуда.

Доколку вработените не ги вратат клучевите ќе поднесат кривична пријава, а имаат намера со помош на надзорни камери да ги идентификуваат одговорните за кражбата, објави белгиската агенција Белга (Belga).

Audi во јули објави дека поради слабата побарувачка за својот електричен модел Q8 e-tron, кој се произведува во белгиската фабрика, не може да го исклучи неговото затворање.

Стравувањата на околу 3.000 вработени беа засилени со пораката на Volkswagen – матичната компанија на Audi, дека во следните неколку години нема да се произведуваат други модели во фабриката во Брисел.

Вработените изминатите денови одговорија со неколку штрајкови, а најголемиот синдикат планира да штрајкува на 16 септември.

 





НАЈНОВИ