Renault Master го понесе признанието „ Ван на годината“ за 2025-та

  • Жирито на меѓународните награди за комбе на годината му ја додели на новиот Renault Master титулата „Комбе на годината “ за 2025 година.

  • Со својот „Aerovan “дизајн и новата мулти – енергетска платформа, постави нови

    одредници на пазарот и се истакна како најефикасно возило во својата класа во палетата на модели со термички мотор, со електричен мотор и со водороден погон.

  • Master е петтото комбе на Renault што ја освоило оваа награда. Ова е дополнителна причина за славење на брендот откако Scenic E-Tech electric беше крунисан за „Автомобил на годината“ во февруари оваа 2024 година.

Renault Master прослави на церемонијата на доделување на Меѓународното комбе на годината 2025 година (2025 International Van of the Year ), одржано деновиве, поточно на 16 септември на Меѓународниот саем за мобилност, транспорт и логистика во Хановер.

Комитетот составен од експерти од 25 европски земји едногласно ѝ ја додели титулата, рече Џарлат Свини (Jarlath Sweeney), претседател на Меѓународното жири за комбе на годината.

– Новиот Renault Master е петто комбе на марката што ја освои оваа престижна титула. Пред него таков упех постигнаа: Renault Master од втората генерација (1998 година), Renault Trafic од втората генерација (2002 година), Kangoo Z.E (2012 година) и Kangoo Van од третата генерација (2022 година).

Наградата за комбе на годината е второ достигнување на брендот оваа година, бидејќи Scenic E-Tech electric ја освои титулата Автомобил на годината во февруари оваа 2024 година!

Има уште повеќе причини за славење ако се земе предвид фактот дека поминаа 27 години откако Renault последен пат освои две награди по ред, кога и тие се истакнаа, погодувате… првата генерација Scenic и втората генерација Renault Master! Се чини дека се исплати да се остане лојален на победничкиот тим, изјави Хајнц-Јирген Лев (Heinz-Jürgen Löw), виш потпретседател во Renault, одговорен на Одделот за лесни комерцијални возила.

За Renault

Повеќе од еден век, Renault развива, произведува и продава лесни комерцијални возила кои ги задоволуваат барањата на професионалните корисници ширум светот. Express, Kangoo, Trafic и Master: легендарни возила познати ширум светот по иновативните начини на кои го подобруваат секојдневниот живот на своите корисници.

Како европски лидер повеќе од една деценија на бројни пазари (возила со термо мотори и електрични возила), Renault Pro+ нуди решенија за приспособена и паметна одржлива мобилност со уникатна комбинација на решенија, услуги и понуди за финансирање кои го поедноставуваат и оптимизираат бизнисот на професионалните корисници. Комбинира иновативни дигитални решенија со голем број овластени конструктори и мрежа на експерти за продажба на комерцијални возила во повеќе од 600 центри на Renault Pro+ во над 25 земји.





НАЈНОВИ