Rezvani Arsenal

По најавата во мај, Rezvani Motors сега и официјално го претстави новиот блиндиран модел Arsenal…

Компанијата ветува дека тоа ќе биде „нај напредното оклопно луксузно возило на располагање“ и дека Rezvani Arsenal ќе биде опремен со „најнапредната оклопна технологија моментално достапна на пазарот“.

Наместо традиционалниот балистички челик, моделот Rezvani Arsenal ќе користи „иновативен композитен материјал“ кој е лесен и обезбедува Б6 заштита. Ова значи дека моделот треба да може да обезбеди заштита од пиштоли и пушки.

Во изјавата, Ферис Резвани (Ferris Rezvani ) помеѓу другото рекол дека: „Ова не е обичен автомобил, тој е возбудлива комбинација на луксуз, безбедност и иновативен дизајн. Вашето секојдневно патување ќе стане многу, многу поинтересно!“

Компанијата вели дека возилото долго 5588 mm и тешко 3675 килограми има дизајн кој е „елегантен и повеќе анонимен“ од нивните други возила во понудата. Исто така, новиот SUV нуди седишта за седум патници, како и традиционални луксузни карактеристики.

Основниот Rezvani Arsenal ќе го придвижува V8 мотор со 313 kW/425 КС, но има уште три единици. Понудата вклучува 3.0-литарски дизел мотор со шест цилиндри со 280 КС и уште два V8 бензински мотори.

Тие V8 бензински мотори доаѓаат со компресор, при што едниот има 659 КС и 820 Nm, а другиот со 821 КС и 1044 Nm. Дел од опремата вклучува клима во три зони, аудио систем со 19 звучници, Apple CarPlay & Android Auto, тркала од 22 инчи, асистенција за паркирање, хед-ап дисплеј…

Цените ќе започнат од 225.000 долари, но со бројни опции, Rezvani Arsenal може да достигне сума и до 697.250 американски долари.

Претходна
Следна




НАЈНОВИ