Ford Escort RS Cosworth е еден од најпознатите хечбек aвтомобили со висока моќност во светот што ентузијастите навистина го сакаат, додека пак Џереми Кларксон е меѓу најпопуларните водители на автомобилски емисии….
Овие две големи имиња се дел од приказната, чии нови редови ќе ги напише идниот сопственик на одлично возило на четири тркала.
![]()
Ford’s Escort RS Cosworth е специјална хомологација, која достигнува максимална брзина од 240 km/h. Џереми Кларксон (Jeremy Clarkson) претходно изјави дека ова е еден од неговите омилени автомобили, што не е ни чудо.
![]()
Автомобилот се продава на аукција и е еден од само трите претпродукциски прототипи кои биле рачно изработени во Ford.
![]()
Токму овој пример што потекнува од 1992 година беше позајмен на Кларксон за тестирање, а по тест периодот автомобилот стана награда преку списанието Top Gear.
![]()
Потоа, во текот на 2000 година, Кларксон повторно седна зад воланот на овој автомобил и го возеше за снимањето на неговиот филм насловен како „ Car Years“.
![]()
Како што е случајот со специјалите за хомологација, Escort RS Cosworth е прилично редок автомобил, со само 2.500 произведени примероци.
Во овој случај станува збор за уште поретко возило бидејќи всушност е претпродукциски модел.
![]()
Сето ова дефинитивно влијае на цената, а врската со Кларксон дополнително ја зголемува неговата вредност.
Автомобилот ќе биде ставен на аукција на 24 август и се очекува да достигне цена помеѓу 65.000 и 75.000 британски фунти.
![]()
Да кажеме и дека под хаубата се наоѓа турбо бензински мотор со еаботен волумен од 2.0-литри со четири цилиндри, кој развива моќност од 227 КС и 304 Nm максимален вртежен момент.
![]()
Погонската единица доаѓа во комбинација со пет (5) степен мануелен менувач за брзини, преку кој силата се пренесува на сите четири тркала.
![]()
Останува да почекаме до аукцијата и да видиме дали предвидувањата на познавачите ќе се исполнат и дали овој автомобил – икона на мотр спортот ќе ги собори досегашните рекорди во однос на пазарната вредност кај неговите поклоници.