Се продава најскапиот „автомобилски отпад“ во светот

За оваа колекција во Калифорнија зборуваа многу љубители на класичните автомобили, како и воопшто сите вљубеници во прекрасните креации на четири тркала, а најмногу се разговараше за тоа што има во неа, дали е прескапа, односно колку високи суми ќе достигнат некои од ексклузивните примероци…

А, сега е јасно дека оваа „отпад колекција“ се состои од голем број скапоцени камења на автомобилската индустрија и, што е уште поважно, дека истата се продава.

Така, во октомври оваа 2024 година, легендарната автомобилско  -ѓубре / колекција на Руди Клајн (Rudi Klein) ќе се најде на аукција, а целата зделка е управувана од познатата аукциска куќа – RM Sotheby’s.

Како мал вовед ќе речеме дека Руди Клајн, германски имигрант, кој првично ја изградил својата кариера како месар, основал своја компанија, чија главна дејност била собирање на отпад од автомобили. Е од овој момент започнува приказната за колекција на легендарни автомобили, што се фрлени и собрани како отпад.

Во текот на четири децении, Klein тивко без голема врева и без помпа, собрал навистина фантастична колекција на европски класици на четири тркала, вклучувајќи ултра ретки модели како што се тие на Mercedes-Benz, потоа на Porsche, на Aston Martin, на Lamborghini, на….

Оваа колекција остана недопрена и скриена од очите на јавноста и по смртта на Клајн во 2001 година, пишуваат специјализираните светски портали и магазини.

Претстојната аукција во октомври 2024 година ќе им понуди на богатите колекционери ретка можност да поседуваат возила кои прераснале во икони. Најдобрите точки вклучуваат еден од најретките модели на Mercedes-Benz некогаш произведени: Mercedes-Benz 500 K Caracciola Special Coupe од 1935 година, исто така, во колекцијата се и одамна изгубениот Mercedes-Benz 300 SL Alloy Gullwing и прототипот Iso Grifo A3/L Spider од 1967 година, а и двата се барани од колекционерите со години. Некои автомобили се во добра состојба, а некои се во состојба на скапо автомобилско ѓубре во што ќе треба да вложат многу пари.

Горд Даф (Gord Duff), глобален шеф (раководител) на аукции, во контекст на информацијата рекол:

– Во текот на изминатите четири децении, нашиот тим донесе безброј значајни историски автомобили на пазарот, секој посебен на свој начин. Сепак, да се открие нешто за кое само се шпекулираше дека постои, како легендарната колекција на Клајн, е навистина посебно.

Откривањето на скриениот Mercedes 500K или Alloy Gullwing одекнува кај сите, не само кај ентузијастите на автомобилите. Она што Клајн го собра овде е уникатно и знаеме дека многу од овие автомобили ќе живеат со генерации, ќе започнат нови проекти или ќе бидат зачувани во нивната првобитна состојба. Тоа е навистина возбудлива можност за колекционерите, а небото е граница со оваа колекција.

На понуда во серија аукции, во живо и онлајн, во октомври 2024 година ќе има многу возила, а некои од нив се:

– 1935 Mercedes-Benz 500 K Caracciola Специјално Coupе од Зинделфинген: Еден од најпознатите предвоени автомобили на Mercedes-Benz, ова уникатно Coupе е единствениот примерок од ваков вид, првично испорачан на легендарниот гран-при возач, Рудолф Карачола (Rudolf Caracciola ).

– 1955 Mercedes-Benz 300 SL Alloy Gullwing: Еден од само 29 произведени All0y Gullwings, a ова беше единствениот примерок испорачан во црна боја – и некогаш беше во сопственост на легендарниот тркач Луиџи Чинети ( Luigi Chinetti) .

– 1957 Mercedes-Benz 300 SL Roadster: Овој 300 SL ја напушти фабриката во Fire Engine Red over Cream боја и беше опремен со тркала Rudge, нај посакуваната конфигурација за раниот Roadster.

– 1939 Horch 855 Special Roadster: Познат по својот раскошен дизајн и историско значење, ова е единствениот преживеан 855, ултимативен автомобил Horch. Заедно со неговото богато потекло, неговото фасцинантно минато вклучува и користење за холивудски рекламни фотографии во 1950-тите.

– Bertone Prototype 1967 Iso Grifo A3/L Spider: Единствениот фабрички конструиран Grifo кабриолет кој се користи за фабрички рекламни фотографии, единствениот A3/L Spider беше купен од Руди Клајн пред многу години од познатиот ентузијаст и филмски продуцент од Холивуд, Грег Гарисон (Greg Garrison).

– Следен во спектакуларната нуза е 1961 Porsche 356 B 1600 „Twin-Grille“ Roadster од d’Ieteren: Класичен модел познат по својот препознатлив дизајн и перформанси, во бараната конфигурација Twin-Grille во извонредна состојба.

Тука може да додадеме дека се верува дека со овој примерок се извозени само околу 1000 километри.

Навистина се очекува спектакуларна аукција и соодветни цени на овие вредни примероци од автомобилската класика.

Но, да бидеме трпеливи и да почекаме еден и пол месец и да видиме како ќе се одвиваат нештата.





НАЈНОВИ