Се продава Rolls-Royce Ghost кој му припаѓал на легендта во американскиот фудбал

Кога станува збор за луксузот и ексклузивноста, ретки се брендовите кои имаат ист статус како Rolls-Royce, аво овој случај за дополнителна ексклузивност, придонес, дава и фактот што овој автомобил бил во сопственост на славна личност…

Автомобилските ентузијасти и колекционери имаат единствена можност да го купат Rolls-Royce Ghost (2024), кој му припаѓа на легендарниот американски фудбалер Том Брејди (Tom Brady), преку аукцијата на Sotheby’s Motorsport (SOMO).

Ghost е вистинско чудо на дизајнот, а со оглед на тоа што помина само 200 километри во сопственост на Брејди, автомобилот е всушност сосема нов и зрачи со елеганција и стил.

Обоен е во црна дијамантска (Black Diamond) боја, што му дава мистериозна и префинета нота, па затоа е невозможно да се игнорира на патот.

Во внатрешноста доминира белата боја на Grace, а самата кабина е луксузна и врвно удобна. Секој детал, од извонредните седишта обложени со кожа до најнапредната технологија, е направен за да обезбеди најдобро возможно искуство.

 

Ghost е комбинација на луксуз и моќ, а под хаубата се наоѓа бензински twin turbo мотор, со работен волумен од 6,75-литари, со 12 цилиндри, поставени во форма на латинската буква V, кој развива моќност од 571 КС и 780 Nm максимален вртежен момент.

Оваа моќност му овозможува впечатливи перформанси:  Забрзување од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди.

Моторот е поврзан со осум (8) степен автоматски менувач на брзини, кој обезбедува непречено менување на брзините и фантастично управување.

Погонот на четири тркала придонесува за стабилност и контрола, а тука е и Planar Suspension System, кој користи напредна технологија за прилагодување на патот пред возилото, што резултира со исклучително удобно и прецизно возење.

Посебен детал се таблите на праговите со потписот на Брејди.

Автомобилот е купен директно од легендата на НФЛ, (National Footbal Legue –NFL) а сега ќе има нов сопственик.

Инаку, Брејди е познат по својата љубов кон автомобилите и одличниот вкус за возила со високи перформанси.

 





НАЈНОВИ