Се продава шампионски Dodge Viper GTS-R GT2

Поминаа десет години откако Dodge го пензионираше својот супер спортски автомобил Viper…

Моделот со V10 мотор се смета за еден од најдобрите американски автомобили, а заработи и респектабилен статус во GT2 трките.

Една од верзиите сега се продава преку компанијата Race Cars Direct, а цената е „мала“.

Станува збор за моделот Dodge Viper GTS-R со број на шасија C36, развиен во 2000 година од француската компанија Oreca и кој постигна голем успех, вклучувајќи и три титули на FIA GT шампионатот.

Љубителите на игри ќе го паметат од играта Gran Turismo, коментираат колегите од специјализираните портали.

Иако има малку информации, познато е дека автомобилот го придвижува преработената верзија на оригиналниот бензински мотор со работен волумен од  8.0 литри, со 10 цилиндри поставени во форма на латинската буква V,  со тркачки спецификации.

Се претпоставува дека развива моќ од околу 600 КС и дека тежи само 1,1 тон. Моторот најверојатно е поврзан со шест 6- стемен мануелен менувач на брзини.

Овој Viper GTS-R не изгледа многу поинаков од оној во стандардниот, освен огромното задно крило, зелените тркачки светла и отворот на покривот.

Исто така, има и малку понизок, поизвајан и драматичен комплет за тело (body kit), кој ја нагласува впечатливата боја.

Цената на автомобилот е 750.000 евра, секако, без давачките што следуваат.

 





НАЈНОВИ