Шкода го освежи Kushaq – SUV модел наменет исклучиво за Индија со богата опрема

Шкода официјално ја претстави освежената верзија на SUV моделот Kushaq, кој е наменет исклучиво за индискиот пазар. Со ова унапредување, чешкиот производител значително ја подигнува понудата во еден од најконкурентните сегменти, носејќи опрема и технологии што досега беа резервирани за повисоки класи.

Надворешно, Kushaq добива осовременет дизајн со доработена предна маска, нови LED светла и освежени браници, додека задниот дел е дополнет со модерни светлосни графики. Визуелно, моделот сега остава посериозен и попремиум впечаток, со што се доближува до SUV моделите од C-сегментот.

Најголемите новини се забележуваат во кабината. Освежениот Kushaq добива побогата сериска опрема, вклучувајќи поголем централен екран, дигитална инструмент табла, амбиентално осветлување и панорамски стаклен покрив во повисоките нивоа на опрема. Фокусот е ставен на комфорот, со поквалитетни материјали и повеќе простор за патниците.

Кога станува збор за погонската понуда, Kushaq ги задржува докажаните бензински мотори – 1.0 и 1.5 TSI, во комбинација со рачен или автоматски менувач. Škoda најавува подобрена ефикасност и порафинирано возачко искуство, со акцент на балансирани перформанси и пониска потрошувачка.

Моделот останува силно позициониран и во безбедносен аспект, со шест воздушни перничиња, системи за асистенција при возење и високи безбедносни стандарди, што го прави еден од најбезбедните SUV модели во својата класа на индискиот пазар.

Иако Kushaq засега е резервиран само за Индија, овој модел покажува во кој правец Шкода ја развива својата SUV стратегија, комбинирајќи пристапна цена, богата опрема и европски инженеринг прилагоден на локалните пазари.

НАЈНОВИ