Чешкиот бренд Шкода (во состав на Volkswagen групацијата) го надмина BMW и го зазеде второто место на германскиот пазар за електрични автомобили (BEV – battery electric vehicles), покажуваат најновите податоци на Федералниот управен орган за моторни возила на Германија.
До крајот на септември 2025 година, Шкода испорачала 34.567 електрични возила, додека BMW забележал 34.436. Разликата е минимална, но доволна за изминување на чекорот напред.
Volkswagen, брендо/групата, останува недостижен на врвот – со 75.998 продадени електрични возила до септември. Шкода, со својот раст, го зацврстува својот статус како еден од главните играчи во сегментот на BEV возила во Германија.