Шкода Супер постави неверојатен рекорд – 2.831 км со еден резервоар гориво!

Неверојатен подвиг од Škoda Superb – овој модел успеа да помине 2.831 километар без ниту едно дополнување гориво!

Зад воланот беше Мико Марчик, кој го возеше дизел Суперб низ пет европски земји – Полска, Германија, Франција, Белгија и Луксембург – и постигна просечна потрошувачка од само 2,61 литар на 100 километри.

Возилото имаше стандардeн 2.0 TDI мотор и резервоар од 66 литри, но беше малку модифицирано:

* поставени беа гуми со намален отпор на тркалање,

* суспензијата беше спуштена за 15 милиметри,

* а возачот цело време возеше смирено и економично, со просечна брзина околу 80 км/ч.

Со овој резултат, Шкода го урна претходниот рекорд и покажа дека дизел моторите сè уште имаат што да понудат кога станува збор за економичност и издржливост.

Иако светот оди кон електрични возила, Шкода Супер потсети дека технологијата на класичните мотори сè уште може да изненади со неверојатни резултати и ефикасност.

 

 

НАЈНОВИ