Силна глобална продажба на електрични возила

Глобалната продажба на електрични и plug-in хибридни возила порасна силно во јуни, но поскромно од претходниот месец…

Toa ја нагласи стабилизацијата по флуктуирачката побарувачка во првата половина од годината, при што Кина имаше клучна улога, покажуваат податоците на компанијата за истражување на пазарот Rho Motion.

Во јуни ширум светот се продадени 1,4 милиони електрични и plug-in хибридни возила, 13 отсто повеќе од истиот месец минатата 2023 година, пресмета Rho Motion.

Така, темпото на раст се стабилизираше блиску до нивото од почетокот на пролетта, по речиси 20 отсто скок во мај и април и нагло забавување во февруари, изразено во стапка на раст од само три отсто. Продажбата во Кина падна за 12 отсто во февруари поради новогодишните празници, а продолжи да расте нагло во пролетта, пренесуваат информативните агенции.

UAW Local 5960 member Kimberly Fuhr inspects a Chevrolet Bolt EV Thursday, May 6, 2021 during vehicle production at General Motors Orion Assembly Plant in Orion Township, Michigan. (Photo by Steve Fecht for Chevrolet)

Продажбата падна во Европа, а се зголеми во САД, Канада и Бразил

Кина учествуваше со повеќе од 60 отсто од глобалната продажба во јуни, изјави експертот за податоци за Rho Motion, Чарлс Лестер (Charles Lester), со 25 отсто повеќе продадени возила отколку во истиот месец минатата 2023 година.

Продажбата во Европа падна за седум отсто, а најголем пад има во Финска, Ирска и Холандија. Во Италија тој скокна за 34 отсто благодарение на државните субвенции, според Лестер.

Во САД и Канада се продадени шест отсто повеќе електрични возила отколку во јуни минатата година.

Бразил се истакна со тројно повеќе продадени возила во јуни 2023 година, благодарение на кинескиот BYD.

„Растот нема да биде толку амбициозен како што многумина се надеваа“

„Комплетната слика покажува дека растот на индустријата во 2024 година нема да биде толку амбициозен како што многумина се надеваа, па затоа ја намаливме нашата прогноза за продажба за пет проценти, на 16,6 милиони електрични автомобили“, вели експертот на Rho Motion.

Според податоците на Rho Motion, минатата година биле продадени вкупно 13,3 милиони електрични автомобили, 31 отсто повеќе отколку во годината пред таа (2022 година).





НАЈНОВИ