Home Технологија Skywell Skyhome доаѓа и во Европа

Skywell Skyhome доаѓа и во Европа

0
Skywell Skyhome доаѓа и во Европа

Минатата година кинеската компанија Skywell го претстави концептот за електрична лимузина Skyhome, а деновиве е потврдено и дека неговата сериска верзија ќе се продава на пазарите ширум Европа (за почеток се споменува Велика Британија)…

Како што е наведено, Skyhome се базира на новата CE платформа со адаптивна воздушна суспензија. Димензиите на возилото не се објавени, но јасно е дека се работи за голем автомобил со пространа внатрешност.

Каросеријата за брзо враќање има силуета слична на купе, одзади е поставен прилагодлив спојлер, а ретровизорите се заменети со камери.

Внатрешноста е инспирирана од традиционалните кинески елементи, со LED светлосни „столбови“ кои го опкружуваат големиот инфозабавен систем и екранот на допир.

Системот вклучува асистент за вештачка интелигенција по име Xsiaowei, чии функции се вели дека вклучуваат навигација, па дури и финансиски совети, меѓу другото.

Двете задни седишта можат да се поместуваат и навалуваат, а имаат и функција за масажа. Патниците во вториот ред имаат и своја единица за контрола на климата, маси на преклопување и мини бар.

Исто така има и широк филмски екран кој може да се спушти од таванот кога е потребно. Кога говорима за Skyhome треба да се потенцира и дека има погон на сите четири тркала, два електромотори што располагаат со комбинирана моќност од 460 kW/625 КС, што пак обезбедува одлични перформанси: забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,5 секунди.

Покрај тоа, од фабриката тврдат и дека за возење на дестинација од 490 километри ќе бидат потребни само 10 минути полнење (дополнување) на батеријата.

Ќе има и послаба верзија што ќе биде опремена со само еден електро мотор, но деталите се уште не се познати и од компанијата за тоа ќе пласираат дополнителни информации.

Исто така, сè уште не е позната цената по која Skywell Skyhome ќе се продава на британскиот пазар.