Следната сезона – саботна трка за ГН на Азербејџан

Трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1 следната година ќе се одржи во сабота, а не во недела, како што е вообичаено.

Светската автомобилска федерација (ФИА), заедно со челниците на Формула 1, донесе одлука за промена на датумот на трката, сето тоа по предлог на властите во Баку, бидејќи трката следната година се совпаѓа со Националниот ден на Азербејџан. Значи, наместо на 27 септември, ќе се одржи на 26, а сите активности на најбрзиот циркус во светот ќе бидат поместени еден ден порано.

Ова значи дека календарот на Формула 1 ќе има две саботни трки следната сезона, што не се практикуваше често. Трката во Лас Вегас на 21 ноември ќе биде втората што ќе се одржи во сабота.

НАЈНОВИ