Home Актуелно Stellantis повлекува 24.000 хибридни возила поради опасност од пожар

Stellantis повлекува 24.000 хибридни возила поради опасност од пожар

0
Stellantis повлекува 24.000 хибридни возила поради опасност од пожар

Матичната компанија на Chrysler, Stelantis, повлекува околу 24.000 plug-in хибридни мини комбиња ширум светот …

Причината е постоење на опасност од пожар и ги поради тоа ги повика сопствениците да ги паркираат возилата на отворено и подалеку од зградите додека чекаат поправки.

Од Stellantis објавија дека повлекувањето се однесува на моделот Chrysler Pacifica hybrid произведен од 2017 до 2021 година. Одлуката опфаќа околу 19.500 возила на пазарите во САД.

Компанијата е запознаена со седум инциденти кои се случиле при исклучување на возилата, од кои некои се случиле при полнење на батеријата. Четворица клиенти пријавиле симптоми на вдишување чад.

Од Stellantis велет дека настаните се поврзани со абнормалности во поединечни високонапонски ќелии на батерии, но дека тие се случуваат ретко.

Ризикот од пожар се намалува кога нивото на полнење на батеријата е пониско, па на сопствениците на комбиња им се советува да се воздржат од полнење.

Компанијата работи на ажурирање на софтверот за да открие абнормалности и, доколку се најдат, дилерите ќе ја заменат високонапонската батерија на возилото.