Tata Curvv и Curvv EV

По неколку концептни возила, Tata Motors ја претстави финалната, сериска верзија на моделот Curvv, кој штотуку пристигна на индискиот пазар…

Станува збор за Coupe-SUV базиран на нова платформа (Adaptive Tech Forward Lifestyle Architecture), која ќе биде достапна за клиентите со мотори на внатрешно согорување и во целосно електрична верзија.

Сериската верзија не се разликува многу од концептот и доаѓа со неколку ублажени карактеристики, заедно со редизајнирани целосно LED предни светла, конвенционални ретровизори, помали тркала и подискретен заден спојлер.

Главните точки на диференцијација помеѓу моделите EV и со мотори на внатрешно согорување се изгледот на предната табла, портата за полнење и ознаките EV.

Електричната верзија исто така добива различен сет на алуминиумски тркала за подобра аеродинамика.

Што се однесува до внатрешноста, се вели дека предниот панел е пренесен од Tate Nexon, вклучувајќи го и 12,3-инчниот информативно забавен систем, 10,25-инчниот дигитален табла со инструменти и контролите чувствителни на допир. Купувачите исто така ќе можат да бираат од различни бои и акценти на ентериерот, а ќе бидат достапни и панорамски подвижен покрив и камера од 360 степени.

Верзијата со мотори на внатрешно согорување е достапна со два 1,2-литарски турбо со три цилиндри мотори кои имаат моќност до 93 kW/127 КС и со 1,5-литарски дизел мотор со моќ од 88 kW/120 КС.

Моќта се испраќа до предните тркала преку шест (6) -брзински мануелен или седум (7) -брзински автоматски менувач на брини со двојна спојка.

Целосно електричниот Curvv EV се нуди во две верзии. Почетниот модел добива батерија од 45 kWh и еден електричен мотор со моќ од 112 kW/152 КС, а врвната верзија има поголема батерија од 55 kWh и помоќен електричен мотор со сила од 123 kW/167 КС.

Во Tata тврдат дека опсегот со едно полнење на баѕеријата, ќе биде околу 330-350 km за помалата батерија и помеѓу 400-425 km за поголемата батериска единица.

Цените за Tata Curvv EV на пазарот во Индија се движат од околу 20.900 американски долари, до 26.200 американски долари, во зависност од нивото на опремата и од капацитетот на енергија на батеријата.

Инаку од Компанијата сè уште не ги објавила цените за понудата на Tata Curvv опремени со мотори на внатрешно согорување, а тоа ќе го направи на  почетокот на наредниот месец, поточно на втори (2) септември.





НАЈНОВИ