Tesla испорача 3,7 отсто помалку возила во вториот квартал

Како што јави Танјуг, аналитичарите на агенцијата LSEG проценуваат дека Tesla во вториот квартал од оваа 2024 година испорача 438.019 автомобили, што е за 3,7 отсто помалку од истиот квартал минатата 2023 година…

Tesla се соочува со зголемена конкуренција во Кина и забавување на побарувачката бидејќи новите EV модели сè уште не се достапни за клиентите, а значителен пад на испораките е забележан во првиот квартал од 2024 година, пренесува Reuters.

Аналитичарот на банката Barclays, Ден Леви (Dan Levy), верува дека испораките на Tesla во вториот квартал би можеле да паднат за 11 отсто на годишно ниво, што би било најголем пад во историјата на компанијата.

Здружението на европски производители на автомобили (ACEA) објави дека во април во Европската унија биле регистрирани само 13.951 електрични возила Tesla, што е за 2,3 отсто помалку од истиот месец минатата година.

Продажбата на автомобили Tesla во Европа во април е најниска во последните 15 месеци, што укажува на слаб почеток на вториот квартал од 2024 година, објави тогаш Bloomberg.

На 24 април, Теslа објави дека нејзиниот приход во првиот квартал од 2024 година паднал за девет отсто на годишно ниво на 21,3 милијарди долари.

Истовремено, добивката на Tesla падна за 55 отсто на годишно ниво на 1,13 милијарди долари, така што прилагодената заработка по акција изнесува 45 центи, што е помалку од очекувањата на аналитичарите.





НАЈНОВИ