Home Актуелно Теslа ја стопира изградбата на фабрика во Мексико поради страв од царините на Трамп

Теslа ја стопира изградбата на фабрика во Мексико поради страв од царините на Трамп

0
Теslа ја стопира изградбата на фабрика во Мексико поради страв од царините на Трамп

Компанијата Теslа минатата година најави дека ќе изгради нова фабрика во Мексико, на локација до границата со САД, но сега активностите се стопирани…

Се чини дека сепак, тие планови заглавија поради можната победа на Доналд Трамп (Donald Trump) на претседателските избори во САД.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск (Elon Musk), им рече на инвеститорите оваа недела дека изградбата на фабриката е прекината поради тарифите што Трамп би ги наметнал доколку победи.

Како што сега стојат работите, се чини дека Гига Мексико (Giga Mehico) е во мирување до изборите, пренесуваат информативните агенцииr.

„Мислам дека треба да видиме како стојат работите по изборите“, рече Маск, кој официјално ја поддржа кандидатурата на Трамп претходно овој месец.

„Трамп рече дека ќе воведе високи царини за возилата произведени во Мексико. Значи, нема смисла да се инвестира многу во Мексико ако тоа ќе биде така. Мораме да видиме како работите ќе се одвиваат политички“, изјави Маск пред инвеститорите и аналитичарите.

Маск претходно тврдеше дека победата на Трамп на изборите ќе биде од корист за Теslа и дека намалувањето на субвенциите за електрични возила ќе и помогне на Теslа. Некои аналитичари се согласуваат со него, додека други сметаат дека вториот мандат на Трамп ќе му наштети на целиот пазар на електрични возила, вклучително и на Теslа.