Теslа повлекува повеќе од 9.000 автомобили поради ризик делови да паднат од покривот

Теslа Motor повлекува над 9.000 автомобили во САД поради дел од покривот што може да се откачи од возилото и да го зголеми ризикот од сообраќајна несреќа…

Ова е редок случај овој производител да повлече автомобил поради физички дефект, иако компанијата оваа година веќе повлече милиони возила поради други причини.

Повлекувањето се однесува на моделот X од 2016 година, велат од американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).

SUV моделите имаат козметичка декорација на предниот дел на покривот, зад шофершајбната, како и уште еден во центарот на покривот. И двете може да ослабат и да се одвојат од возилото со текот на времето, зголемувајќи го ризикот од повреда или несреќа, велат регулаторите.

Од Теslа велат дека започнале истрага уште во септември 2020 година, откако станале свесни за „инцидент“ со Model X. Подоцна беше откриено дека деловите биле прикачени со недоволна обвивка.

Следува контакт со сопственикот на возилото

Во ноември истата година беше издадено доброволно повлекување на автомобилот, но од Tesla велат дека поправките извршени во тој период исто така биле недоволни. Сите возачи засегнати од ова известување ќе бидат контактирани до 14 октомври оваа 2024 годинa, велат од компанијата, додавајќи дека автосалоните ќе понудат бесплатни прегледи и поправки.

Компанијата Теslа повлече дури 2,5 милиони автомобили во првите шест месеци од оваа 2024 година. Само компанијата FORD повлече повеќе – 3,6 милиони, според податоците на NHTSA.





НАЈНОВИ