Home Занимливости Теslа robotaxi премиерно ќе биде прикажан на 10 октомври оваа година

Теslа robotaxi премиерно ќе биде прикажан на 10 октомври оваа година

0
Теslа robotaxi премиерно ќе биде прикажан на 10 октомври оваа година

Tesla официјално објави дека ќе го претстави своето роботакси на 10 октомври, околу два месеци подоцна одошто беше најавено со првичниот план…

Илон Маск (Elon Musk) изјави дека доцнењето е резултат на желбата да се направат некои важни промени, за кои верува дека ќе го подобрат возилото. Robotaxi би можело да се нарече Cybercab, пренесуваат информативните агенции.

Американскиот бизнисмен додаде дека одложувањето на презентацијата на роботаксито ќе отвори простор за презентација на „некои други работи“, но засега не се знае кои се тие.

На почетокот на овој месец, Bloomberg напиша дека Tesla планира да го одложи претставувањето на роботаксито, а подоцна имаше и официјална потврда дека ова возило нема да го видиме на 8 август, како што било првично планирано.

Маск изјави дека самоуправувачките автомобили, вклучително и такси за неговиот иден бизнис, се клучни за иднината на Теslа како исклучително вредна компанија за вештачка интелигенција. Сепак, сè уште не е јасно дали Tesla всушност може да ја усоврши технологијата за автономно возење. Компанијата веќе има функција за целосно самостојно возење, која сè уште бара човечки надзор и често прави грешки.

Како одговор на прашање од инвеститорите, Маск рече дека Tesla не може да им понуди возења на клиентите додека технологијата за целосно самостојно возење не може да се користи без надзор. Времето на пристигнување на роботакси на пазарот зависи од технолошкиот напредок и oд одобренијата.