Tојота официјално го претстави својот нов супер‑автомобил GR GT — моќно купе со 650 коњски сили и максимална брзина над 320 km/h, наменето за вистински ентузијасти и тркачки возачи.
GR GT користи 4.0‑литарски twin‑turbo V8 мотор со хибриден систем, задно погон и карбонски елементи во конструкцијата за намалување на тежината и подобрување на динамиката. Дизајнот е агресивен и аеродинамичен, со спортска внатрешност инспирирана од тркачки автомобили. Првите примероци се очекува да пристигнат на пазарот околу 2027 година, а Toјота најавува дека ова ќе биде најскапиот сериски модел во нивната понуда досега.