Според најновиот извештај на ,,Interbrand”, јапонскиот гигант Tojota повторно се најде на врвот на листата како ,,највредна автомобилска марка во светот”, со проценета вредност од милијарди долари, што претставува раст од 2 % во однос на минатата година.
И покрај предизвиците во глобалната автомобилска индустрија — проблеми со снабдувањето, зголемени трошоци и економска нестабилност — Tojoта успеа да ја задржи својата стабилна позиција благодарение на квалитетот, сигурноста и континуираните инвестиции во нови технологии.
Другите големи играчи
Mercedes-Benz се наоѓа на 10. место со вредност од 50,1 милијарди долари, што е пад од 15 % во споредба со претходната година.
BMW го зазема 14. местo со вредност од 46,8 милијарди долари и пад од 10 %.
Tesla, која изминатите години беше во центарот на вниманието, бележи значителен пад од 35 %, со сегашна вредност од 29,5 милијарди долари.
Овие податоци јасно покажуваат дека автомобилските брендови со долга традиција и силен углед подобро се справуваат со кризите во индустријата, додека поновите брендови, иако иновативни, се соочуваат со поголеми осцилации.
Тајната на успехот на Tојота
Toyota го гради својот успех врз неколку клучни принципи:
Со силен баланс меѓу традиција и модернизација, Тојота уште еднаш докажа дека е симбол на доверливост и стабилност во автомобилскиот свет.