Top Gear видео: Nardone Porsche 928 restomod

Top Gear во ново видео ви претставува уште еден restomod на Porsche кој овој пат не е легендарниот модел 911 …

Станува збор за моделот 928 кој беше темелно освежен од француската компанија Nardone Automotive со помош на италијанската компанија Podium Technologies, која ги конструираше Glickenhaus 007 LMH и Automobili Amos Lancia Delta restomod.

 

Овој 928 доаѓа со каросерија изработена од јаглеродни влакна, потоа со ревидиран менувач на брзини како и со бензински мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V8, што располага со моќ од 400 КС.

Во однос на ентериерот се издвојува футуристичката, но секако, ретро внатрешност, а како „шлаг“ на тортата тука е и апсолутно фантастичниот звучен систем.

Цената е вистинска „ситница“ , само 480.000 европски банкното, но тоа не е крајната цена бидејќи со тие пораи не сте платиле и за автомобилот донаторот, што потоа оди на комплетна преработка.





НАЈНОВИ