Toyota ги надмина проблемите, прв раст на продажбата по шест месеци

Глобалната продажба на производителот на автомобили Toyota Motor, вклучително и подружниците Daihatsu Motor и Hino Motors, се зголеми за 0,7 отсто на 924.918 единици во јули, што е прво зголемување по пет месеци по ред пад, се вели во соопштението на компанијата…

Светското производство се зголеми за 0,6 отсто на 923.658 единици, пишува Bloomberg. Додека побарувачката беше силна во некои азиски земји, како на пример за теренци во Индија, повлекувањето на моделите Grand Highlander и Lexus TX во САД доведе до намалување на продажбата во јули.

И додека новото локално произведено мини – ван на Toyota Granvia имаше голема продажба во Кина, компанијата сè уште се соочува со силна конкуренција од домашните производители на автомобили во земјата, како и конкуренција од странство.

Јапонскиот јавен радиодифузен сервис NHK претходно овој месец објави дека Toyota го ревидирала своето годишно глобално производство од 10,3 милиони единици на 9,8 милиони единици поради скандалот, особено мамењето при тестирањето на седум модели на автомобили.

 





НАЈНОВИ