Вака изгледа најевтиниот Volkswagen Golf

Volkswagen Golf неодамна го прослави својот 50-ти роденден со пдновување и дотерување на последната генерација а еве ја нај пристапната верзија…

По повод големиот јубилеј, Volkswagen го претстави првиот значаен фејслифт од осмата генерација на моделот, кој со текот на времето стекна толкава популарност што цела класа го доби името по него.

Да, токму Volkswagen Golf е доведен до статус на божество на нашите простори и покрај благиот пад на интересот, тој и денес има многу фанови.

Volkswagen верува дека Golf ќе биде еден од моделите кои ќе бидат еден од столбовите на развојот дури и за време на електрификацијата.

Volkswagen Golf е тој што треба да биде потпора во овие предизвикувачки времиња кога зборуваме за пенетрација на кинеската автомобилска индустрија и затворање на бројни фабрики во Европа, особено во Германија.

Дури и најголемите љубители на Golf знаат дека компактниот Volkswagen веќе некое време не е лидер во класата, бегајќи од конкуренцијата за три чекори. Веројатно, таа предност во некои области целосно се стопи, но сепак – голфот е Golf.

Затоа погледнавме што нуди Volkswagen на Golf во официјалниот конфигуратор.

Бидејќи дури и најевтиниот Volkswagen ја проби границата од 20.000 евра, не е чудно што Golf започнува од 23.500 евра.

Сега станува збор за верзија со 1,5 TSI бензински мотор подесен на 116 КС и тоа во комбинација со шестстепен мануелен менувач, пренесуваат новинарските агенции од германија.

Основната верзија на Golf доаѓа со малку заборавени челични тркала од 15 инчи и гуми 195/65.

За среќа, браниците и куќиштето на ретровизорите се во боја на каросеријата. Шегата настрана, Golf првично доаѓа со LED светла и сива боја без дополнителни трошоци.

Белата чини 340 евра, а металик боите 732 евра.

Добро е што стандардната опрема овде вклучува стандардни системи за безбедносна помош, но и автоматска климатизација, темпомат, дигитална пилотска кабина и помош при паркирање.

Доколку сакате дизел со основен пакет на опрема, Volkswagen го нуди (2.0 TDI/116 КС) по цена од 26.200 евра.

Ако од конфигураторот преминеме на официјалниот ценовник, понудата започнува од нивото на опрема 4Life, па така истиот бензински мотор со рачен менувач ќе ве чини повеќе – дури 26.410 евра.

Опцијата со DSG менувач започнува од 29.670 евра, а помоќната верзија на бензинскиот мотор (eTSI/150 КС) со DSG од 32.064 евра.





НАЈНОВИ