Видео од Сеул: Дупка голтна автомобил,

Патниците со тешки повреди завршиле во болница, а автомобилот е демолиран…

Постар брачен пар бил итно пренесен во болница откако автомобилот со кој се возеле на улиците на Сеул, Јужна Кореја, вчера бил проголтан од дупка што се појавила на патот.

Полицијата не ја прецизираше причината за несреќата, но се чини дека дупката се отворила непосредно пред да слетаат во неа несреќните сопружници.

Според итната помош, тешко се повредени мажот и жената, а од полицијата велат дека работи на случајот и подоцна ќе ја информира јавноста за причините за несреќата и ќе објасни како е можно ваква дупка да се отвори во центарот на градот.

Слична ситуација се случи на почетокот на оваа 2024 година во Рим, кога дупка од 10 метри проголта два автомобили.





НАЈНОВИ